Младите ќе можат да палицираат за грантови со свои бизнис идеи | Сител Телевизија
Бизнис
25. April 2018 - 17:24

Младите ќе можат да палицираат за грантови со свои бизнис идеи

Половина од младите кои се без работа одлучуваат да ја напуштата земјава. За да се задржат овие лица државата од УНДП обезбеди нови 8,3 милиони долари. Пари кои сите невработени млади до  29 години и ранливите категории можат да ги искористат за отворање на сопствен бизнис. Предвидено е со средствата да се отворат 980 мали компании од кои 50 тина би биле од лица со попреченост. Дополнително за отворање на нови работни места со оперативниот план за вработување за годинава обезбедени се 17 милиони евра. Премиерот Заев  апелираше до младите да ги искористат мерките и  да дојдат до повисоки плати од оние кои се нудат во администрацијата.

Проблем е и тоа што многу од приватните бизниси се соочуваат со недостаток на обучен кадара за работата.

Од агенција за вработување посочуваат дека сите невработени лица имаат еднаков пристап до мерките за вработување. Досега се покажало дека најголем инетерс има за субвенциите и пробрамите за самовработување и обуките за занаети.

Оперативниот план за вработување за годинава беше донесен во март.