Бизнис
14. September 2019 - 16:33

Младите до 34 години можат да се преквалификуваат за ИТ секторот

Млади невработени лица до 34 години и годинава имаат можност да посетуваат обуки за доквалификација и преквалификација За напредни ИТ вештини.  Овој пат со програмата ќе бидат опфатени над 1.200 лица а за мерката ќе се потрошат околу 600 илјади  евра. Според надлежните целта е со  програмата  да им се овозможи на младите да се вработат  на подобро платени  работни места затоа што ИТ секторот е  дејност каде на вработените им се делат повисоки плати.

Според Манчевски ИКТ индустријата е во постојан пораст и има потреба од кадар за работа. Очекуваат дека програмата ќе им помогне на фирмите од оваа област да ги најдат потребните работници.

Огласот за обуките е веќе објавен. Сите кои ќе сакаат да се пријават треба да се регистрирани како невработени во агенцијата за вработување. По завршувањето на обуките лицата ќе се стекнат со сертификат.

Според аналзиите во земјава се регистрирани околу 2000 ИТ компании во кои работата од 14 до 18 илјади лица.