Бизнис
27. January 2017 - 19:48

Младите да започнат сопствен бизнис, наместо да чекаат некој да ги вработи

Младите да  бидат претприемачи, да започнат  свој бизнис наместо да чекаат друг да ги вработи. Ова се пораките од надлежните. Агенцијата за вработување  воведе мерки за полесно вработување  особено  на оние  до 29 години. Ваквите политики ќе помогнат да се намали и миграцијата на невработените, егзистенцијата да ја бараат надвор од земјава.

На пазарот на трудот сеуште има недостатокт на одредени кадри. Посебно фалат стручни лица за вработување во погоните на  инвеститорие кои во Македонија донесоа современа технологија. Затоа образовниот систем треба да ја зајакне соработката со бизнис секторот и да се види кои  професиите недостасуваат,а кои ги има премногу.

Мерките на АВРМ досега помогнаа да се отворат над 7.000 фирми со грантовите за самовработување,  од кои 35 отсто се  во сопственост на млади. Со Македонија вработува 2 до сега се вработиле  над 4.000 лица., а само во странските компании лоцирани во слободните зони работат околу 18 илјади лица.   Во  Скопје за десет години невработеноста е намалена за 49 проценти..