Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме
Младиот планинар Ване Бошев од Неготино викендов по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, висок 2.474 метри, во услови на невреме, за МИА денеска информираа од тимот на Бошев, кој планинари од неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а своевремено беше прогласен и за надежен планинар од страна на Федерацијата на планинарски спортови. Сега тој има неполни 13 години.
-Се работи за врв на истоимената планина, кој тој за прв пат го имаше искачено на неполни седум години. Овојпат беа многу страшно тешки временски услови, фати јако невреме. Силен ветар со дожд, шушлак, минусни температури на врвот, соопштија од тимот на Бошев.
Во искачувањето учествувале 17 планинари од четири македонски планинарски друштва. Само Бошев и охридскиот планинар Давор Ристевски успеале да стигнат до врвот, поради лошите временски услови. Некои од планинарите морале да се откажат на само неколку метри од самиот врв.
Од тимот на младиот планинар додадоа дека фотографиите се направени во теќето на самиот врв, бидејќи лошото време не дозволувало ниту фотографирање на отворен пристор.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот