Македонија
15. February 2019 - 12:18

Младиот Онур се враќал од испит кога загинал кај карпалак - две бебиња сега се без мајка

Четиринаесет животи однесе автобусот на смртта на патот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци, кога излета од патот, ја проби оградата, влета на стариот пат и падна во провалија.

Тројца најмлади загинати се студенти, Онур Садику наредниот месец требало да наполни 20 години, а се враќал од испит на Медицинскиот факултет. Денеска неговите колеги кажаа дека го положил. 21 –годишната Бејза Узеири студирала архитектура и се враќала во родната Долна Белица. Бобан Аврамовски загина на 22 години и незавршени студии по дизајн на ФОН, пренесе Република.

30-годишната Ваљдета Хамити била асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза. Дома остави 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете. Вчера по пауза поради болеста на детето повторно се вратила на работното место.