Македонија
23. August 2016 - 8:54

Младиот Коста пронајден мртов кај Демир Капија ќе биде испратен во вечниот дом

Младиот Коста С. кој беше пронајден мртов во Демир Капија, денеска ќе биде испратен во вечниот дом. Моторџијата кој беше пријавен за исчезнат, по што за жал, го пронајдоа мртов, ќе биде погребан на гробиштата во Кавадарци денеска на пладне. 

- За жал по 11 часовна потрага Коста беше пронајден на потегот од Демир Капија кон Неготино во безживотна состојба. Бог да го прости, нека почива во мир, се простија неговите пријатели моторџии со голема тага на социјалните мрежи.

Момчето беше пронајдено вчера рано наутро во 5 часот и 40 минути кај на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик. На социјалните мрежи претходно се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со мотор „хонда“, по што му се губи трагата.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, полицијата соопшти детали за смртта на Коста, која ја потресе македонската јавност. По извршениот увид полицијата го потврди идентитетот и информира дека 25 годишниот Коста С. од Кавадарци вчера управувајќи мотор „Хонда“ изгубил контрола, излетал од коловозот и починал на лице место.

Нека почива во мир.