Џет-Сет
26. April 2017 - 9:56

Младиот актер помогна при апсењето на двајца криминалци во Лондон

Глумецот Том Харди се најде среде сцена како од акционен филм, на улиците во Лондон, кога се најде на патот на двајца крадци кои бегаа од полицијата, па реши самиот да запре еден од нив.

Еден од двајцата кои украле скутер, го уапсила полицијата, но неговиот придружник се дал во бегство. Во тој момент, глумецот тргнал по него и го бркал низ неколку улици и приватни дворови, пред да го стигне и совлада.

– Го фатив гадот!, викнал Харди кога го приклештил крадецот.

Очевидците воодушевени од подвигот, коментираат дека Харди во тој момент испаднал вистински херој.

– Том е дефинитивно човек кого никој не би сакал да го налути, рече еден од очевидците на настанот.