Македонија
5. July 2018 - 8:25

Младински фестивал „Куманово има млади таленти"

Младински фестивал „Куманово има млади таленти“ ќе се одржи денеска во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во тој град. 

Фестивалот е во организација на Центарот за интеркултурен дијалог, а ќе се реализира во рамки на програмата „Активни граѓани“ на Британскиот совет.

На Фестивалот ќе учествуваат млади и претставници на граѓански организации.