Ракомет
27. July 2017 - 19:28

Младинската ракометна репрезентација на Македонија меѓу осумте најдобри на светот

Македонија во осминафиналето го победи домаќинот Алжир со 24:20.

На полувреме противникот имаше водство од 11:10. По првото полувреме кое беше изедначено домаќинот имаше минимална предност.

Во вториот дел избраниците на селекторот Илија Темлековски заиграа многу поангажирано пред се во одбраната и на противникот му дозволија да постигне само девет голови во вторите 30 минути.

Добрата игра даде резултат во последните четири - пет минути кога нашите ракометари обезбедија предност од четири разлика.   

Најефикасен кај Македонија беше Филип Талески 8, Давор Палевски 4.  Денеска во четвртфиналето ќе играат: Македонија - Франција, Германија - Тунис, Данска - Русија и Унгарија - Шпанија.