-->
-->
Младинците ќе бидат испратени на ЕП во Полска пред мечот Македонија – Шпанија
-->
На вечерашниот квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Шпанија вечерва кој ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да им посакаат среќа и на младите македонски репрезентативци односно да ги испрати и нашите херои на нивниот дебитантски настап на Европското првенство во Полска.
Младата фудбалска селекција на Македонија до 20 години, под палката на селекторот Благоја Милевски, утре заминува за Полска каде ќе ги реализира последните пет дена од подготовки пред првиот натпревар на шампионатот, закажан за 17 јуни во Гдиња, а во кој противник како и на сениорите вечерва, ќе им биде токму селекцијата на Шпанија.
Вечерашниот спектакл на Националната арена „Филип Втори“ ќе биде искористен и домашната фудбалска јавност да ги поздрави младите репрезентативци кои пред мечот ќе продефилираат на нашиот најголем стадион.
Потсетување дека влезовите за публиката за вечерашниот меч ќе бидат отворени од 18.45 часот, а ќе се затворат во 20.30 часот.
Од ФФМ, апелираат гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот кој е закажа за 20 часот и 45 минути
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел