Loading Video...
Фудбал
6. October 2021 - 14:27

Младинците ќе атакуваат на победи против Фарските Острови и Ерменија

Mладата фудбалска селекција на Македонија ја очекува двомеч во квалификациите за Европското првенство. Нашите млади фудбалери се во Клаксвик, каде утре ќе го играат третиот меч во квалификациите за Европскиот шампинат. 

По поразот од Франција во првото коло нагости со 3-0, како и нерешениот исход во дуелот протов Срнија во Охрид и тоа без голови 0-0, избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе се обидат да стигнат до првиот триумф. 

Во националниот тим ќе недостасуваат неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи не беа во можност да допатуваат од Австралија, а поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

Задачата нема да биде нималку лесна имајќи во предвид дека нашите следни противници веќе остварија по една победа и тоа во меѓусебните дуели, а селекцијата на фарските Оствори направи и изненадување играјќи 1-1 против Франција од која пак нашите младинци загубија во првото коло со 3-0, а по нерешениот меч без голови со Србија на домашен терен, црвено-жолтите со еден бод се на последното место на табелата во осмата група. 

Во октомврискиот квалификациски круг, младите македонски фудбалери покрај дуелот со врсниците од Фарски Острови, во вторник (12 октомври) ќе гостуваат во Ереван кај Ерменија.