Loading Video...
Фудбал
5. October 2021 - 12:57

Младинците ќе атакуваат на победи против Фарските Острови и Ерменија

Младата фудбалска селекција на Македонија ја очекува двомеч во квалификациите за Европското првенство.

Во октомврискиот квалификациски круг, младите македонски фудбалери ќе одиграат два натпревари. 

Првиот е веќе во четврток  (7 октомври) кога нашите надежи во Клаксвик ќе се сретнат со врсниците од Фарски Острови, а четири дена подоцна (11 октомври - понеделник) гостуваат во Ереван кај Ерменија. 

Селекторот Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради, неиграњето на неколку стандардни првотимци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи не беа во можност да допатуваат од Австралија, а поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

„Не очекуваат две тешки гостувања. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на максимални шест бода. Против Франција и Србија очекувавме повеќе, посебно на резултатски план, но освоивме само еден бод“, истакна селекторот Канатларовски. 

Задачата нема да биде нималку лесна имајќи во предвид дека нашите следни противници веќе остварија по една победа и тоа во меѓусебните дуели, а селекцијата на фарските Оствори направи и изненадување играјќи 1-1 против Франција од која пак нашите младинци загубија во првото коло со 3-0, а по нерешениот меч без голови со Србија на домашен терен, црвено-жолтите со еден бод се на последното место на табелата во осмата група.