Балкан
6. March 2018 - 10:33

Млади од Србија на Сицилија ја запеале „Ѓурѓевдан“, а кога наишла група од Хрватска се случило нешто незапамeтено!

Членови на ансамблот Културно уметничко друштво Абрашевиќ од Панчево отпатувале на Сицилија каде ја претставувале Србија на Меѓународен фестивал на фолклор.

Додека таму на улица спонтано ја изведувале „Ѓурѓевдан“, наишле членови на еден ансамбл од Хрватска па кога ја слушнале песната, прво застанале а потоа се приклучиле на ансамблот од Србија.

По „Ѓурѓевдан“ ја запеале и „Липе Цвату“, „Милјацка“, кога и двете знамиња на Србија и Хрватска се развеале едно покрај друго.