Кошарка
11. July 2017 - 17:24

Младеновски заминува во странство

Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски ќе замине од редовите на МЗТ Скопје Аеродром откако не ја прифатил понудата за продолжување на договорот, објави македонскиот шампион на својата интернет страница.
 
Високиот центар, кој изминативе четири години го носеше сино-белиот дрес, има желба да се проба во странство поради што реши да си замине од „Јане Сандански“ и покрај големиот интерес клуб да го задржи во своите редови.