Тенис
28. January 2022 - 12:04

Младеновиќ и Додиг победници во мешани двојки

Кристина Младеновиќ и Иван Додиг ја освоија титулата на Австралија опен, во конкуренција на мешани двојки.

Француско-хрватската комбинација, во финалето славеа против австралиската комбинација Џејми Фурлис и Џејсон Кувлер.

Младеновиќ и Додиг за 77 минути, славеа со 2:0 (6/3, 6/4).

За Кристина Младеновиќ ова е четврта гренд-слем титула во микс дубл, вкупно осма во кариерата. Додиг во Мелбурн ја освои шестатта гренд-слем титула.