Македонија
20. December 2015 - 12:48

Млада жена прегазена во Крушево

Вчера околу 12,30 часот во Крушево на ул.„Никола Ѓурковиќ“ случена е сообраќајна незгода, во која патничко моторно возило „БМВ“со битолски регистерски ознаки управувано од Н.Ч.(24), удрило во пешакот Б.С.(23) од Крушево.
 
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.С. и на истата и е укажана лекарска помош во МЦ-Прилеп.
 
Увид на местото на настанот извршила извршила екипа од ПС Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.