Македонија
11. September 2019 - 20:40

Млада скопјанка поради семејна расправија избегала од дома

Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, В.Т.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Г.Т.(19). Според пријавеното, причина за оддалечувањето најверојатно е семејна расправија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.