Живот
18. January 2019 - 12:37

Млада Саудијка порача од Канада: Уживам во „забранетите работи“

Рахаф Мухамед ел-Кунун (18), саудиска тинејџерка која добила азил во Канада, ужива во својата нова слобода.

Прв пат во својот живот пробала сланина, а по кафе отишла во кратко здолниште.

Рахаф го привлече светското внимание откако пребега во Тајланд тврдејки дека стравува дека семејството ќе ја убие. Таму се забарикадирала во хотелската соба и велела дека не ја сака семејната куќа во која ја злоставувале.

Откако минатата седмица пристигнала во Торонто, девојката се привикнува на новиот живот во кој може слободно да купува облека каква што сака, но и да има сопствен мобилен.

Фотографија од канадски доручек со сланина и јајца сподели на социјалната мрежа Снапчет со порака: „О мој Господе, сланина“, а се украсила со срциња и кандско знаме.

Споделила и фотографија од своето утринско кафе во „Старбакс“, на кое отишла во здолниште со должина над колената, пишува „Дејли Меил“.