Бизарно но вистинито
14. May 2018 - 19:23

Млада девојка станала зависничка од порно-филмови: Дознајте како со нив си го упропасти животот

На прв поглед, Изи Барнет изгледа како обична 29-годишна девојка. Малкумина знаат дека оваа девојка крие мрачна тајна – дека се опоравувала од зависност на неморални сексуални филмови.

За првпат таков филм погледнала на 22-години. Сексуално неискусна, очајно сакала да го задоволи своето момче. Не ни помислила дека ќе стане зависна од овие филмови и ќе ги гледа по 9 часа на ден. Нејзината опсесија не само што и ја уништила врската со момчето, туку останала и без работа.

Таа смета дека станала зависник затоа што била ранлива. Изи имала нормално и среќно детство. Со родителите никогаш не разговарала за секс, а како тинејџерка не брзала да ја загуби невиноста.

Во 2008 година запознала постаро момче, кој подоцна бил причина за нејзината зависност.

Зависна од секс и филмови со иста содржина, Изи не обрнувала многу внимание на работата, па добила отказ.

Филмовите и станувале се поважни во животот, па во 2010 година нејзиното момче ја напуштило.

Се вратила во својот дом, кај родителите. Била осамена, а гледањето филмови ја исполнувало. Плаќајки пристап до експлицитни сајтови Изи се задолжила 2500 евра од картичката.

Тогаш се обидела да престане, но не успеала. Дури во 2013 година после терапија, успеала да се излечи од зависноста. Им признала на родителите, а тие и пружиле целосна поддршка. Сега е сама и ја бара вистинската љубов.

Сепак, Изи не е единствена. Последните податоци покажуваат дека речиси два милиони жени од Велика Британија имаат слична зависност.