Македонија
28. October 2021 - 12:39

Млада девојка скока преку ограда во скопската ЗОО и ги вознемирува животните | ВИДЕО

Млада девојка ја прескокнува оградата од живеалиштето на мечките и ги вознемирува животните во скопската Зоолошка градина. Видеото е објавено на профилот на Зоолошката градина, а е преземено од „Тик Ток“.

„За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите.

Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено. Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент.

Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна“, се вели во објавата на Фејсбук.