Македонија
15. August 2019 - 10:35

Млад возач (36) на влекач загина кај Петровец, излетал од коловозот

Вчера во 18,45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Дрма, поточно на регионален пат помеѓу с.Идризово и с.Петровец Д.Т.(36) од с.Ржаничино-скопско управувајќи товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

На местото на настанот починал возачот.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.