-->
-->
Млад скопјанец прегазен кај Глумово, возачот побегнал
-->
Вчера во 08,40 часот од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.М.(36) од Скопје, кој бил повреден во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Скопје–Тетово во близина на село Глумово.
Во извршен разговор со Р.М. оштетениот пријавил дека истиот ден околу 06,10 часот на наведената локација движејќи се како пешак бил удрен од возило, кое веднаш го напуштило местото на настанот.
По незгодата Р.М. со друго возило бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари