Македонија
11. September 2017 - 13:14

Млад скопјанец направил драма во пицерија во Охрид: Пред сите ја тепал и ја ограбил бившата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”.

На 29 јули годинава во 19.10 часот во пицерија во Охрид, пријавениот ја малтретирал и упатувал закани на девојката, со која претходно бил во љубовна врска. 

Пријавениот ја удирал со раце во пределот на главата и телото, по што и го одзел паричникот во кој имало околу 2000 денари и го напуштил објектот.