Македонија
9. April 2018 - 12:39

Млад скопјанец нападнал полицаец

Синоќа во 22,55 часот на улицата „Новопроектирана“ во населбата Ѓорче Петров, по претходна пријавена поплака против С.Р.(27) од Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров пристапиле кон негово легитимирање.

С.Р. одбил да се легитимира и нападнал еден од полициските службеници.

С.Р. е приведен во полициска станица.