Македонија
16. April 2018 - 14:49

Млад пробиштипјанец направил сообраќајка, а потоа и серија напади во полициската станица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р. О. (20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста на службено лице”, „бегство на лице лишено од слобода” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 25. минатиот месец околу 05.50 часот во Пробиштип пријавениот учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото, но набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. При проведување, тој упатувал закани по животот на полициските службеници и нивните семејства. 

Истиот ден околу 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип, во просториите за задржување, пријавениот физички нападнал полициски службеник и побегнал. 

При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне полициските службеници.