Балкан
14. July 2018 - 11:07

Млад Американец почина на фестивалот во Сплит: Момчето ја молело Итната помош да му помогне

Момче од САД почина во болницата во Сплит откако му се слошило на музичкиот фестивал, соопшти полициајта.

Од полицијата наведуваат дека на момчето му се слошило на Ултра фестивалот и тој се обратил до дежурната екипа на Итната помош која била распоредена кај стадионот.

Телото на 26-годишниот Американец префрлено е на одделението за патологија каде ќе се направи обдукција која би требало да ја открие точната причина за смртта.

Неофицијално, момчето имало тежок напад на епилепсија, пренесува Хина.