Македонија
12. November 2019 - 11:05

Млад Американец каснат од куче во Центар

Синоќа во 21.50 часот во Полициската станица Центар, Р.Р.У.(30) од Монтана-САД пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Во текот на вчерашниот ден, во 17.40 часот во Полициската станица Чаир, М.Р.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.