Кошарка
30. јуни 2016 - 15:04

МКФ ќе организира селективен камп за кошаркари до 14 години

 
 
 Македoнската кошаркарска федерација, вo рамките на прoектoт за “Development for boys U13 and U14 with ppotential” oрганизира кoшаркарски камп за мoмчиња (М14) до 14 години. На кампот ќе биде извршена и конечната селекција за М14 репрезентацијата која ќе учествува на Меѓународниот турнир во Словенија (aвгуст 2016).
 
Кошаркарскиот камп во Маврово ќе биде организиран во периодот од 16 до 21 jули.
 
Селектирани се 70 кошаркари од сите клубови во Македпнија и се повикани да земат учество на Кампот во организација на МКФ.
 
Како учесници на кампот се повикани и 12 селектирани тренери од Македонија како и двајца  тренери од САД и координаторот на проектот Крис Диал.
 
За сите учесници на кошаркарскиот камп Македонската кошаркарска федерација ги покрива трошоците за превоз, сместување и престој. Исто така, МКФ на сите учесници на кампот ќе им обезбеди опрема за тренинг.