Loading Video...
Кошарка
4. јуни 2018 - 16:22

МКФ ја одржа првата јавна дебата стратегија во мак-баскетот

Македонската кошаркарска федерација денеска одржа јавна дебата на која главна тема беа бројот на странски играчи во клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига (мажи) како и намалување односно зголемување на бројот на клубови-учесници во истата. 
 
Претставниците на клубовите, асоцијацијата на македонските играчи,  активни и поранешни кошаркари, како и поранешни претседатели на федерацијата, спортски работници и новинари, ги и9скажаа своите видувања околу потребата да намалување на бројот на странски играчи. 
 
Сите беа едногласни, дека што побргу оваа тема треба да биде затворена, се со цел, подигање на квалитетот на македонската кошарка, во преден план репрезентативна, на сите нивоа, а со тоа и клупската. 
 
Можеа да се слушнат најразлични мислења со различни аргументи, но преовладуваше ставот, дека се мора да почне од младите категории, а со тек на време, да се стигне до посакуваната цел. Тоа и треба да биде стратегијата не само на федерацијата туку и на клубовите и сите чинители инволвирани во мак-баскетот. 
 
„И да изгласаме решение да има „нула странци“ во клубовите, ако не работите во младинските категории никогаш ништо нема да направиме“ – им порача на сите, претседателот на МКФ, Петар Наумоски.
 
Македонската кошаркарска федерација ќе ги земе предвид сите предлози истакнати на денешната дебата и до крајот на тековниот месец ќе излезе со конкретен предлог кој потоа ќе биде испратен до членовите на Собранието за понатамошно разгледување и гласање.