Македонија
1. September 2018 - 8:56

Мјузиклот „Коштана“ во Домот на културата во Струмица

Во домот на културата „Антон Панов“ во Струмица вечерва ќе се одигра мјузиклот “Коштана”  од Борисав Станковиќ, во  музичка адаптација на Влатко Плевнеш.

Коштана е музичката ѕвезда Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке актерот Илија Струмениковски. Играат уште и бројни актери и музичари.

Струмичани ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо”, „Отвори ми бело Ленче”, „Крај Вардара седеше”…

Мјузиклот се игра десеттина години, а оваа сезона ја почна летово, со претстава во Долни Сарај, Охрид.