Свет
25. August 2017 - 10:46

Мјанмар: Најмалку 32 лица загинаа при судир меѓу екстремисти и безбедносните сили

Најмалку 32 лица загинаа, меѓу кои 11 припадници на безбедносните сили на Мјанмар, при напад на муслимански екстремисти во државата Ракине, соопшти денеска началникот на Генералштабот Мин Аунг Хланг.

- Еден војник и 10 полицајци ги загубија своите животи за земјата, напиша тој на Фејсбук, додавајќи дека во судирите, кои се уште траат, се убиени и 21 екстремист.

Екстремистите синоќа со мачети и огнено оружје ги нападнале безбедносните сили на повеќе полициски и гранични контролни пунктови.

Нападот следел неколку часа откако Советодавната комисија, предводена од поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, поднесе конечен извешатај, во кој и се предлага на Владата на Мјанмар да делува брзо со цел да се подобри економскиот развој и социјалната правда во државата Ракине и да прекине насилството меѓу будистите и муслиманското малцинство Рохингја.