Македонија
13. March 2020 - 10:51

Мизрахи: ВМРО-ДПМНЕ ја подаде раката на власта за справување со корона вирусот, но таа не ја прифати

Вчера, Рашела Мизрахи гостуваше на емисијата „Заспиј ако можеш“, каде што посочи дека во ситуација во каква што се наоѓаме, кога вирусот зема замав, не треба да има политизација посебно во секторот здравство.

„Во вакви ситуации не треба да има политизација, особено во здравството или образованието. Тоа се сектори каде што мораме да се однесуваме надполитички, особено во ваков амбиент. Ние сме сите граѓани на Република Македонија, сите сме засегнати од актуелната ситуација, ова не е шега и не е играчка и не треба да се бориме за политички поени и треба да си помогнеме едни на други“, појасни Мизрахи.

Мизрахи додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ја поддаде раката на власта, но не сака да ја прифати помошта.

„Партијата ја подаде раката, меѓутоа незнам зошто не се прифати помошта. Докторите без разлика на десна или лева идеолошка определба, треба да излезат во пресрет на вирусот за кој Светската здравствена организација прогласи пандемија и сите ќе се најдеме во тој брод кој ќе не извлече надвор од оваа криза“, нагласи Мизрахи.