Живот
24. October 2015 - 20:34

Мизерија: Танцуваа голи во дискотека за еден ајФон

Две жени се избламираа максимално откако дозволиле да ги снимаат во клуб додека се соблекувале на бината, а тоа го направиле со цел да освојат ајфон 5 Ѕ, што одамна не е модерен модел. Девојките од кои едната е мажена, се соблекле на сцената скроз голи во еден ноќен клуб во Русија.

Во еден момент диџејот ги фрлил гаќите од една од жените додека таа со рацете ги криела интимните делови и ги фрлил кон публиката. Потоа на сцената се качила и друга жена.

Според Дејли мејл овој стриптиз за ајфон се случил во градот Березники во Русија.  

Поради аматерските танцувачки точки корисниците на социјалните мрежи остро ги коментирале овие во најмала рака глупави  жени.

„Ова некој го прави за да добие глупав ајфон. Овие две девојки и организаторите на овој глупав натпревар немаат ни грам мозок“, напишал еден корисник на неговиот профил на некоја од социјалните мрежи.

Не се знае која од девојките на крајот го освоила ајфонот, но се знае дека ваквите натпревари во Русија се почесто се случуваат.