Митрополитот Агатангел повторно се оградува од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА
Митрополитот Повардарски г. Агатангел во пишана реакција наведува дека се оградува од соопштението на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија по повод одлуката и решението на Светиот синод на Бугарската православна црква.
- Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ - ОА не заседавал по ова прашање. Јас како еден од владиците не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод и благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, стои во реакцијата на митрополитот Агатангел.
Според него, фомирањето комисија може да го одложува до недоглед решавањето на нашиот црковен статус.
- По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот Синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денес што добивме како решение. БПЦ сега се претставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има било каква обврска кон нашиот автокефален статус, што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација, стои во пишаната реакција од митрополитот Агатангел.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот