Македонија
18. December 2018 - 16:20

Митрополит Петар: По украинската, на ред за добивање автокефалност е Македонската православна црква

Ние ги исполнуваме сите услови и потребна е само волјата на Вселенската патријаршија, рече денеска Владиката Петар на прашањето како ќе се одрази прогласувањето автокефалност на Украинската врз признавањето на Македонската правоиславна црква.

-А оттаму сигналите се веќе јасни и конкретни дека по давањето на томосот за афтокефалност на украинската православна црква, црква која би била на ред да добие афтокефалност од Всселенската патријаршија најверојатно е нашата Македонска православна црква, рече г. Петар, Митрополит преспанско-пелагониски.

Според владиката, признавањето автокефалност за Македонската православна црква ќе дојде порано или подоцна.

-Ние очекуваме дека вселенската патријаршија како првопрестолна црква на сите помесни православни цркви, веќе со вистински очи ќе погледне на нашата состојба, на 50-годишното наше опстојување како афтокефална црква и 60 години откако е возобновена Охридската архиепископија. Сметаме дека тоа е патот, тоа е начинот ние да се приопштиме кон православната екумена, рече Владиката Петар.

Инаку Украинската православна црква прогласи автокефалност по независноста на земјата во 1992 година и до сега не беше призната од ниту една православна црква во светот.