Митрески: Продолжуваме по европскиот пат, македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ
– Денеска во Собранието целата јавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, аргументите, обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици и шпекулации се поразени. Ги видоа заклучоците со кои јасна е целосната заштита на јазичните, идентитетските, историските и културни посебности на македонскиот народ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески на прес-конференција попладнево во Собранието.
Народот, како што рече тој, ги слушна силните пораки од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен: „Македонци со чист македонски јазик во ЕУ без додавки, модификации и квалификации“.
– Македонската вистина е една и ниту едни лажни патриоти со вувузели не можат да ја замолчат. Антиевропската коалиција толку може, тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците и не им успеаја, сакаа да ги пресликаат и овде во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се плаши и не сака дебата, затоа се нервозни, бидејќи ги лажеа граѓаните, рече Митрески.
Митрески нагласи дека ќе продолжат да говорат без разлика на свирењето и вревата.
– Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а овие примитивци, осудени криминалци нема да ја закочат државата. Продолжуваме по европскиот пат, ние ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нагласи Митрески.
Ново на Сител
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан
-
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница
-
Македонија и Албанија се разделија на европскиот пат