-->
-->
Митрески: Обезбедивме Закон за обвинителство кој нема да го штити криминалот
-->
Договорен е Закон за ЈО со кој парламентарното мнозинство предводено од СДСМ има доволно добра основа да верува дека за него ќе гласаат најмалку 80 пратеници вели координаторот на СДСМ Јован Митрески
Тој тврди дека со овој Закон се исполниле изборните ветувања за правда и квалитетно судство.
- Со овој Закон обезбедуваме сите судски предмети на СЈО да имаат квалитетна судска разрешница, а постапките да се водат професионално. Нема скриена амнестија за никого и со овој Закон се исполнуваат условите за првна држава,владеење на правото и казни за они што сториле криминал.
-Не успеаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и деструкцијата, вели Митрески
Тој тврди дека ако има разлики помеѓу договорената верзија на Законот и онаа која е стигната во Парламентот тогаш се работи за технички пропусти кои што во текот на собраниската постапка би биле исправени.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО