Македонија
15. May 2021 - 12:14

Митева: Денешниот протест е одговор на ароганцијата и начин да се спречат погрешните политики на Царовска

Дигитализацијата на Царовска ќе има негативен ефект кон учениците и наставниците.

Голема е веројатноста резултатите од спроведување на дигитализација со која ќе се укинат учебниците како основно средство за едукација да бидат поразителни.

Царовска задолжително да ги слушне барањата на родителите, учениците и наставниците. Нејзината улога е за нив и нивните потреби, а не обратно. Додека јавноста апелира да се развие план и програма како ќе се функционира на есен во училиште, Царовска се уште не дава никаков одговор.

Во скандалозниот закон кој во Собранието се најде со европско знаменце јасно може да се процени дека постои голема можност учениците од прво и четврто одделение да останат без учебници за наставната програма. Тоа е наведено во член 32 од Законот кој вели:

Материјалите за учење за наставните предмети во прво и во четврто одделение во основното образование, издадени од Бирото во учебната 2020/2021 година, продолжуваат да се користат како учебници во наредните учебни години, до донесување на нови наставни програми.

Исто така, дискриминацијата помеѓу децата ќе станува евидентна, а тоа не смее да си го дозволи една држава особено не во образованието кое е столбот на државата. Не можеме да зборуваме за дигитализација додека во училиштата имаме неплатени сметки за греење, додека училиштата имаат долгови за превоз на учениците, додека немаме обезбедени инфраструктурни услови за тоа.

Не може сите студии на државите во светот да се погрешни кога велат дека најмладите треба времето поминато пред дигитални уреди да го сведат на минимум, само нашата министерка да има правилна анализа и студија.

Аргументите на родителите се посилни затоа што оваа концепција нема научен пристап, нема суштинска анализа за која можеме да зборуваме, имаме само желба за спроведување на дигитализација вредна десетици милиони евра годишно, притоа укинувајќи ги учебниците.

Царовска, денешниот протестот е Уставно загарантирано право, но треба да го погледнете и како реакција на вашата ароганција и начин да се спречат вашите погрешни политики.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ