Живот
21. October 2018 - 20:40

Мистериозно суштество на плажа го шокираше светот: Не личи на ништо досега видено, еве за што се работи

Суштество со необична форма се појави на плажа во Нов Зеланд и ги зачуди сите што го видоа.

Налик на желе, со силни виолетови и вели бои, морското битие кое се насука на плажата не изгледа како нешто од овој свет, меѓутоа Националниот институт за вода и атмосфера во Нов Зеланд сепак го идентификуваше суштеството.

Се работи за „лавја грива“, една од најголемите медузи на светот. Адам Дикинсон, кој со сопругата Ева и децата ја посети плажата, рече дека ова суштество било широко речиси половина метар.

„Одејќи по плажата видовме околу 100 насукани медузи“, рече тој.

„На крајот, отприлика на еден час одење наидовме на ова, бевме импресионирани“, додаде Адам.

Под вода краците на овој вид медузи може да достигнат дури 37 метри, што ги прави подолги и од синоиот кит.