Бизарно но вистинито
27. February 2016 - 19:59

Мистериозно: Помина низ врата без да ја отвори?!

Видео снимка која ќе ве замисли се појави на социјалните мрежи. Во текот на ноќта, безбедносните камери пред затворениот супермаркет снимија необичен настан. Момче се појави пред затворената врата од продавницата, за миг дојде до појава на светлина и без да ги отвори вратите без проблем влезе во маркетот поминувајќи низ нив.

После неполна минута момчето повторно се појави и без отворање на вратите, мина низ нив како да не постојат и излезе од продавницата. Бездомникот кој таму лежеше не можеше да поверува што виде пред свои очи.

Сепак, дали се работи реално за паранормална појава или, пак, е само уште една филмска монтажа, проценете сами откако ќе ја погледнете снимката.