Мистериозната болест од Куба продолжува да прави проблеми: Заболе уште еден работник од американската амбасада
Медицинските тестови потврија дека уште едно лице вработено во Амбасадата на САД во Хавана е погодено од „мистериозен здравствен инцидент“ на Куба, соопшти Стејт департментот.
Со тоа бројот на заболени се искачи на 25 лица. Станува збор за еден од двајцата вработени во Амбасадата на САД во Хавана, кои неодамна беа евакуирани од Куба откако пријавија симптоми.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека пред најновиот инцидент, последен медицински потврден случај на Куба е забележан во август 2017 година.
Американските властите претходно издадоа предупредување за државјаните на САД во Кина, откако еден вработен во конзулатот во Гуагџоу пријави слични симптоми и чудни звуци. Подоцна е потврден „медицински инцидент“, сличен како кај американските дипломати на Куба.
Мистериозна болест на крајот од 2016 година ги погоди вработените во Амбасадата на САД и нивните семејства на Куба.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд