Мистериозна светлина во напуштен болнички комплекс во Њу Орлеанс
На социјалните мрежи се проширија застрашувачки фотографии од напуштен комплекс на една болница во Њу Орлеанс, кој е затворен по катастрофалниот ураган „Катрина“ што пред десет години го погоди овој американски град.
Фотографиите, кој ги снимил и објавил на Фејсбук вработени во блискиот медицинскиот центар „Тулан“, покажуваат дека целиот комплекс е во мрак, освен еден прозорец на кој се гледа мистериозна светлина.
Медицинската сестра во „Тулан“, Лајза Воли Стаг, за локалните медиуми изјави дека и неа и се чинело дека низ прозорецот свети мала божиќна елка.
Откако приказната за ужасниот прозорец се прошири по социјалните мрежи, реагирала и локалната полиција. Полицијаците, кои го провериле напуштениот комплекс, соопштија известија дека „некој влегол во зградата и поставил два рефлектори“.
Иако објектот е напуштен, локалните власти сакаат да го доведат во функционална состојба, па во него се уште има струја со цел потенцијалните инвестотори да можат да го разгледаат. Тој факт некој го искористи и така се појави мистериозната светлина на еден од прозорците. ви/сп/10:49
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК