Живот
30. December 2015 - 11:20

Мистериозна светлина во напуштен болнички комплекс во Њу Орлеанс

 На социјалните мрежи се проширија застрашувачки фотографии од напуштен комплекс на една болница во Њу Орлеанс, кој е затворен по катастрофалниот ураган „Катрина“ што пред десет години го погоди овој американски град.

Фотографиите, кој ги снимил и објавил на Фејсбук вработени во блискиот медицинскиот центар „Тулан“, покажуваат дека целиот комплекс е во мрак, освен еден прозорец на кој се гледа мистериозна светлина.

Медицинската сестра во „Тулан“, Лајза Воли Стаг, за локалните медиуми изјави дека и неа и се чинело дека низ прозорецот свети мала божиќна елка. 

Откако приказната за ужасниот прозорец се прошири по социјалните мрежи, реагирала и локалната полиција. Полицијаците, кои го провериле напуштениот комплекс, соопштија известија дека „некој влегол во зградата и поставил два рефлектори“.

Иако објектот е напуштен, локалните власти сакаат да го доведат во функционална состојба, па во него се уште има струја со цел потенцијалните инвестотори да можат да го разгледаат. Тој факт некој го искористи и така се појави мистериозната светлина на еден од прозорците. ви/сп/10:49