Живот
5. јуни 2018 - 22:14

Мистериозна смрт во бањата: Тинејџерка (17) се туширала, па ја пронашле мртва - се сомневаат на неверојатно сценарио

Додека се подготвувала за на училиште, 17-годишна ученичка од Пенсилванија трагично настрадала.

Имено, Бријен Бри Мери Реп (17) од Батлер кај Питсбург се туширала рано утрото кога наеднаш паднала.

Нејзината мајка, коај во тоа време спиела, ја затекнала онесвестена во кадата, каде најверојатно се удавила.

-Не сме сигурни, но мислиме дека нејзината коса го затнала одводот и водата ја преполнила кадата, рече таа.

Според нејзините зборови, девојката користела терапија поради тоа што боледувала од штитната жлезда.

За сега не е јасно дали се лизнала, или се онесвестила среде несаканите дејства на терапијата.

Наложена е обдукција која ќе ја покаже вистинската причина за смртта, а семејството отвори страница на GoFundMe за да собере пари за погребот.