Македонија
6. March 2016 - 20:03

Мистериoзна река во Мексико: Била голема колку Дунав исчезна преку ноќ

Илјадници Мексиканци беа изненадени кофа открија дека една река исчезна буквално преку ноќ. Реката Атојак, единствен извор на вода за 10000 луѓе во сојузната држава Веракуз исчезна во процеп кој се отворил по земјотрес. Не е јасно колкав дел од реката проголтала дупката во земјата, која минува низ осум општини во планинското подрачје на Мексико,  а жителите на Сан Фермин, каде што е пукнатината, тврдат дека слушнале гласна бучава у почувствувале како земјата под нив се тресе во ноќта.
 
- Прво видовме дека снемало вода, не течеше од чешмите, а потоа кога излеговме надвор, видовме пукнатина во речното корито во кое немаше ни капка вода - не може да си дојде на себе Хуана Санчез.
 
Пукнатината е длабока 30 метри, а настанала на околу 3 километри од изворот на реката.