Живот
21. December 2015 - 18:06

Мислите дека е обична црква, но кога ќе сфатите каква тајна крие...

Црква стара 100 години во шпанското место Иланера ја трансформирала организацијата Ла Иглезиа Скејт во скејт-парк во почетокот на годинава. Неодамна таа минала низ уште една промена, бидејќи во нејзината внатрешност по ѕидовите се исцртани графити на уметникот Окуд Сан Мигел.
 
Во соработка со Ред Бул, Окуд ги исцртал ѕидовите со светли, психоделични и изометриски слики.
 
Во изминатите пет години, локалната организација посветена не скејтбордингот работи на преуредување на оваа напуштена црква во скејт-парк.
 
Црквата била запуштена кола започнало реновирањето. Таа е изградена 1912-тата година, а после Шпанската граѓанска војна останала само како рушевина.
 
Во овој дел од Шпанија 200 дена годишно врне, па поради тоа вљубениците во скејтбордингот немаат каде да се препуштат на уживање.