Живот
9. October 2017 - 20:42

Мислевте дека знаете за што служи рачката во автомобилот - погледнете ги овие одговори

Луѓето денес преку интернет се обидуваат да дознаат сѐ што ги интересира. Тинејџерка од Калифорнија одлучила да ја тестира моќта на интернет мрежата и ги запрашала сите за што служи рачкатаод автомобилот на која се држиме.

Интернетот изненадил со бројни урнебесни одговори.

- Служи да ѝ помогне на мојата мајка да ѝ останат суви пазувите кога ќе го отвори прозорот - бил еден од одговорите.

- Служи за мајка ми драматично да се фати кога возам 26 милји на час, а дозволени се 25 - напишал еден од луѓето кои коментирале.

- Јас се прашувам како сѐ уште таа рачка стои во мојот автомобил, бидејќи мојата мајка секогаш кога возам грчевито се држи за неа - напишало едно момче.