Живот
27. March 2019 - 13:08

Мислев дека е елен: Ловец вели дека случајно застрелал човек, а сега снимката ја откри вистината

Ловец кој случајно застрелал маж кој трчал зошто мислел дека е елен, е обвинет за обид за убиство во Шведска.

Мажот (48) чие име не е објавено, изјави во полиција дека случајно пукал во 75-годишниот Оле Росдал на југот на Шведска. Меѓутоа, властите, кои ја објавија видео снимката направена од електронскиот нишан на пиштол, велат дека било очигледно дека неговата мета е човек.

Росдал, кој уживал во утринско трчање околу 4.30 часот во близина на својата куќа рече: „Слушнав експлозија и паднав на земја. Викнав: Какво по ѓаволите е тоа пукање? Куршумот помина право низ мене, и да беше два саниметри погоре, немаше да преживеам“.

Росдал е тешко повреден, но успеал да дојде до соседот оддалечен неколку стотина метри, каде добил помош. Го однеле во болница со возило на итна помош.

Куршумот поминал низ него без да му ги оштети виталните органи.