Живот
23. May 2016 - 11:09

Мислеше дека е Мојсеј, а потоа бегаше како луд од големиот бран

Бразилскиот водител Ричард Расмусен (36) за малку ќе загинеше при снимањето на својата емисија во обид на својата публика да и објасни што е бран плима.

Тој на една бразилска телевизија има своја емисија со години, каде ги објаснува природните феномени, а малку фалеше да го потопи овој бран плима.

Имено, овие бранови се простираат од морето кон реката која се влева во него и патуваат со неа.

Додека Ричард објаснуваше за што се работи, бран со голема брзина се приближуваше кон него и снимателот, и тој мораше да бега зошто можеше сериозно да настрада.

Погледнете го видеото: