Балкан
7. December 2016 - 9:34

Mислеле дека таа носи близнаци според тоа колку била голема - следело изненадување

Шок на Гинекологија во Горен Милановац. Денеска српските медиуми пишуваат за бебенцето кое се роди со 5 килограми и 900 грама.
 
Имено, бабиците на трудницата која дошла да се пораѓа, мислеле дека таа носи близнаци според тоа колку била голема, па дури и се кладеле. Сепак, наместо две бебиња, излегло едно и тоа тешко речиси 6 килограми и долго 64 сантими.
 
Мајката и бебето се чувствуваат одлично. Нека е живо и здраво.